Свет
9. September 2016 - 14:02

Србин предизвикал хаос во Америка: Стефан превртел камион со 22,5 тони доларски кованици!

Србин во САД се преврте со камион со монети, при што тој се здоби со лесни повреди, а паричките го блокираа сообраќајот.
 
Возачот Стефан Маринковиќ на возраст од 25 години е полесно повреден и ќе биде казнет поради невнимателно возење.

Властите на американската сојузна држава Делавер информираа дека шлепер со 22,5 тона недовршени долари во монети се превртел на автопатот „Интерстејт 95“, а сообраќајот бил прекинат затоа што монетите се распрскале по автопатот.

Шефот на Државната полиција, Џефри Хејл преку телефон истакнал дека големиот камион се превртел и се запалил кај крстосницата покрај местото Њу Касл.

Монетите кои биле на пат за Ковачницата во Филаделфија се собрани и складирани додека не се договори продолжувањето на транспортот, наведуваат властите.

Поради превртувањето на камионот и чистењето, патот бил затворен повеќе од 13 часа.