Балкан
6. November 2018 - 15:01

Србин ја заклал сопругата оти сакала да замине со друг човек

Шеесетгодишник од Србија после расправија ја заклал со нож 41-годишната сопруга во својот дом. Потоа повикал полиција, па извршил самоубиство.

Неофицијално, пред убиството, таа му соопштила дека ќе го напушти поради друг човек.

Тие имале двајца синови, но и неколку деца од претходните бракови.

Соседите рекле дека не ги слушнале да се расправаат.