Србин изрешетан со 30 куршуми во Јоханесбуг | Сител Телевизија
Балкан
19. July 2018 - 21:17

Србин изрешетан со 30 куршуми во Јоханесбуг

Во предградие на Јоханесбург, Јужна Африка, со 30 куршуми изрешетан е српскиот државјанин Д.К. Неговата сопруга и еден маж се тешко повредени, јавуваат белградските медиуми.

Сопругата на убиениот и мажот, исто така се српски државјани. Тие биле во автомобил на кој пукале засега непознади напаѓачи. Таа се здобила со повреди во пределот на главата, а со хеликоптер биле префрлени во најблиската болница.

На неколку километри одалеченост пронајден е запален автомобил, марка „мерцедес“, пренесуваат „Блиц“ и „Новости“.

Локалната полиција соопшти дека пукањето се случила вчера околу 14 часот по локално време, додавајќи дека во тек е истрага и оти се трага за одговорните за нападот.

-Мотивот за убиството се уште не е познат. Полицијата истражува убиство и обид за убиство, изјави портпаролот на полицијата, капетан Кеј Макубеле.