Србин излегол од притвор па се удавил во кофа со вода, имал за издржување уште една затворска казна
Воислав Ц. извршил самоубиство со давење во кофа со вода, а неговото тело е пронајдено во бањата од семејната куќа во населбата Винци во Гроцка.
Како што дознава српски Курир, Воислав Ц. излегол од притвор, а наводно веќе бил правосилно осудуван.
-Се сомнева дека лицето се убило околу 21 часот. Неговото тело е пронајдено во бањата, а главата му била во канта полна со вода. Се претпоставува дека намерно се удавил. Сепак, малку кој се одлучува на ваков начин на самоубиство, па во еден момент било сомнително, делумно зошто станува збор за поранешен затвореник. Истрагата утврдила дека немало никакво насилство и немало траги кои укажуваат на злосторство, вели извор од истрагата.
Лицето во петокот излегло до Централниот затвор, и за него во меѓувреме е распишана потерница, што може да значи дека треба повторно да се врати во затвор, а тој на овој начин го избегнал тоа.
Семејството и пријателите не сакале да зборуваат за причините поради кои Воислав кренал рака на себе, а соседите претпоставуваат дека станува збор за казната која требало да ја одлежи веднаш после онаа што веќе ја одлежал.
На сличен начин животот си го одзеде и Владо Таневски (56) новинар од Кичево кој беше осомничен за убиство на две жени. Тој на 23 јуни 2008 година утрото околу 2 часот и 40 минути е пронајден мртов во една од ќелиите во притворското одделение во тетовскиот затвор, откако си го одзел животот давејќи се самиот во пластична кофа која служела за одржување на хигиената во тоалетот во ќелијата, соопштија тогаш од МВР.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари