Балкан
19. August 2022 - 10:04

Србија: Загина млад полицаец при потера по пијан возач

Страшна сообраќајна несреќа се случила вчера околу 16 часот во српскиот град Руменка.

Информациите се дека на местото на несреќата загинал 36-годишниот полицаец Божидар Копривица.

Првичните информации се дека Божидар со полициски мотоцикл со ротација бркал возач кој не сакал да застане на знакот „стоп“, а за кој имал сомнение дека е во алкохолизирана состојба.

Во еден момент налетал на автомобил „пежо“ кој излегувал од паркингот на улицата. Полицаецот удрил во совозачката врата и починал на лице место.

Возилото го управувала жена, која не го видела полицискиот мотоцикл како доаѓа кон неа.

Истрагата е во тек, а засега не се знае дали полицијата го фатила возачот кој го бркал настраданиот полицаец.

Божидар бил сообраќаен полицаец. Роден во Бачка Паланка, а работел во Полициската управа во Нови Сад. Бил оженет, татко на две деца.