Балкан
24. September 2015 - 8:32

Србија забрани влегување на хрватски камиони и стоки заради спор со бегалците

Србија забрани влегување на товарни возила со хрватски регистерски таблички како и увоз на хрватска стока. Тоа е реципрочна мерка против ограничувањата од Хрватска за минувањето на мигранти преку заедничката граница, изјави српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.

Над 44 илјади мигранти се во Хрватска од 16 септември досега.

До промена на миграцискиот бран дојде откако Унгарија ја затвори границата со Србија за мигрантите и тие се упатија кон Хрватска.