Loading Video...
Балкан
6. March 2021 - 17:06

Србија воведе ограничено движење за викендот, земјата доби уште 500.000 дози од кинески Синофарм

Србија и овој викенд се одлучи за построги антиковид мерки. Во 12 часот се затвори речиси се низ земјата, освен аптеките, продавниците за храна, приватните здравствените установи  и бензинските пумпи. Кога се во прашање центрите за култура, ке работат само театрите  до 21 часот но со строго почитување на епидемиолошките мерки.  Во понеделеник се ќе работи по вообичаениот режим. Но вина има само за средните училишта, уечниците  ќе се префрлат на онлајн настава.

Сепак вакцинацијата  вели епидемилогот  е најефиканска мерка во борбата против вирусот. А на тоа поле на Србија и оди одлично. Втора е во Европа по  бројот на вакцинирани на милион жители а според бројот на граѓани кои ги примиле двете дози е лидер во Европа. Од синоќа  кај нашиот северен сосед има уште половина милион дози вакцини. Пратката е од кинески Синофарм.

Од првиот откриен ковид случај во Србија  пред точно една година досега во корона билтенот се запишани 478.878 заразени и 4.525 починати.