Балкан
10. July 2016 - 17:46

Србија во шок – Силувал и усмртил 3 годишно девојче па се вратил на роденден

Како што пишува Блиц, убиеното девојче била на роденден во куќата на братот на убиецот, кој го прославувал роденденот на својата три годишна ќерка. До смрт претепаното и силувано девојче била гостин со нејзината мајка, а таму исто така бил и убиецот Владица Рајковиќ.
 
Како што пишува Блиц, Владица се обидел да побегне, но полицијата го фатила за неполн час време. По кратко испитување тој признал дека го силувал малото девојче и дека го претепал до смрт и објаснил дека телото на девојчето се наоѓа на 600 метри оддалеченост од куќата каде се славел роденденот.
Mајката пријавила во полиција за исчезнувањто на малото девојче, а гостите изјавиле дека се сомневаат во Владица.
 
Според изјавите на соседите, вујкото на несреќното девојче при разговорот со Владица не приметил траги од крв, бидејки монструмот веќе ги измил во реката Тимок, потоа отишол дома ја пресоблекол својата гардероба и се вратил пак на роденденот.
 
Кога братот на Владица слушнал што се случило извикувал: „Скотот треба да се убие“, удрил во тракор, по што си ја повредил раката.
 
Нивниот татко Небојша на полицијата и раскажал дека се сомнева оти Владица убил и друга жена од нивното село, која исчезнала пред 20 дена.
 
Соседите раскажале и дека тој крадел, пиел и бил многу проблематеичен. Неговиот роден брат се иселил од куќата, бидејки неможел да живее и чува дете покрај него.
 
Владица и Перица уште како деца биле оставени од својата мајка, па затоа соседите мислат дека е можно тоа да има длабока трага на нив.