Србија во 2020 година ја посетиле 20.452 македонски туристи
– Поради пандемијата со Ковид-19 во 2020 година Србија забележа голем пад на бројот на посети од странски туристи, што достигна ниво од само 24,9 отсто во споредба со претходната година, покажуваат податоците на Републичкиот завод за статистика (РЗС).
Според официјалната статистика, меѓу вкупно регистрираните 424.479 странски туристи во периодот од јануари до ноември минатата година, повеќето се државјани на Босна и Херцеговина – 49.253. Според бројноста, следуваат туристи од Бугарија (26.241), Хрватска (26.216) и Црна Гора (24.693), а над дваесет илјади посети имале само државјаните на Германија (23.812), Турција (23.683) и Северна Македонија (20.452).
Вкупниот број на ноќевања на странските туристи во периодот од 1 јануари до 30 ноември 2020 година, изнесува 32,1 отсто во споредба со истиот период минатата година.
Кога станува збор за омилените дестинации на странските туристи во Србија, на прво место е Белград, кој минатата година го посетил секој втор турист од странство (217.961). Следува Нови Сад со 32.275 и Златибор со 20.722 посети, потоа Ниш (20.421) и Копаоник (17.665).
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација