Loading Video...
Балкан
23. December 2020 - 16:42

Србија стартува со вакцинација

Од утре стартува вакцинацијата против ковид 19 кај нашиот северен сосед. Со тоа Србија ќе биде прва во регинот но и прва од земјите членки на ЕУ која почнала со имунизација на своите граѓани против вирусот.

- Утре ќе почнеме во старечките домови, бидејќи е важно да ги заштитиме тие луѓе. Кога ќе се погледнат бројките и процентите, убедливо е најголем бројот на постари кои настрадале. Тие се најзагрозени и затоа од нив треба да се почне“, кажа Вучиќ.

Утре ќе се вакцинираат и премиерката  Брнабик  и министерката за труд Дарија , со цел граѓаните да се уверат дека вакцината е безбедна. Имунизацијата ќе почне со 4875 дози од  вакцината на Фајзер и Бајонтек  а уште 21 000 дози од истата вакцина Србија очекува во јанаури.  Србија  емегу првите пет држави кои преговарале со Фајзер да ја добијат нејзината вакцина.  Во првите три месеци од новата година ќе стигнат како што најави  претседателот  уште повеке дози  од други производители.  Покрај тоа што Србија обезбедува  вакцини  преку директни преговори  со производителите, државата очекува да добие вакцини и преку Ковакс програмата на ЕУ.