Бизнис
10. July 2019 - 17:48

Србија со 6 милјарди евра, Македонија со 184 милиони евра странски инвестиции

Во Србија се слеале 70% од сите инвестиции во Западен Балкан. Во оваа соседна земја за една година се реализирани дури 105 проекти во врендост од рекордни 5,8 милијарди долари. Ова се наведува во најновиот извештај на ФДИ Маркетс, специјализиран сервис на ФТ. Од јуни лани до мај годинава во Македонија пак влегле 184,4 милиони долари СДИ што е раст од 200%.

Според бизнисмените, земјава ќе има повеќе инвестиции ако бизнис климата стане предвидлива. Приватниот сектор не е во можност прецизно да планира затоа што не се навреме информирани за промените во законите. Уште лани побараа сите законски решенија кои се однесуваат на платите и даноците да се носат порано.

„Ако некоја компанија во 2018 година го планирала буџетот за 2020 и вие во меѓувреме и наметнете поголема минимална плата или поголеми даноци, автопатски компанијата ќе мора планираните пари да се пренамени и инветсицијата нема да се реализира“, вели Дијана Десподов, Американска стопанска комора.

Според извештајот на ФДИ Маркет во регионот на Западен Балкан за една година се слеале вкупно 9,36 милијадри долари што е најголем прилив од 2003 година досега и е солиден резултат ако се земе предвид учеството на регионот во глобалниот БДП.

Повеќе инвстиции од земјава има и во Албанија, вкупно 809,9 милиони евра. Најмалку инвестиции влегле во БИХ, само 4 прокети, Црна Гора 11. Овој регион и натаму привлекува помалку инветсиции споредено со  земјите од централна, источна и западна Европа.