Србија: Сите граѓани мора да носат заштитни маски и на отворено
Српскиот Кризен штаб за борба против новиот коронавирус денеска одлучи да воведе обврска да се носат маски на отворен простор сите граѓани, и им забрани на локалните самоуправи да дозволат специјални собири на повеќе од 30 лица.
Во изјава за медиумите по седницата на Кризниот штаб, Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, нагласи дека сегашната епидемиолошка состојба во државата е таква што расте бројот на пациенти со корона.
– Заштитните маские треба да ги носат сите. Постојано и во секоја можност и на отворен простор. И тоа е мерка што стапува на сила веднаш, изјави таа.
Според неа, маските се покажале како исклучително ефикасни насекаде во светот.
Таа додаде дека досега беше забрането да се собираат повеќе од 30 лица, но дека има примери во сите градови да се одржуваат разни прослави, манифестации и собири.
– Од денеска, на локалните самоуправи им е забрането да дозволуваат таков вид собири.
Таа изјави дека работното време на угостителските објекти ќе остане до 23 часот, но дека сите објекти ќе мора да имаат одговорно лице кое ќе биде задолжено за строго спроведување на превентивни мерки против Ковид-19.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари