Србија се затвара од сабота во 12 часот до понеделник во 6 часот
Во соседна Србија, откако повторно почна да расте бројот на новозаразени со корона вирус и покрај масовната вакцинација што ја спроведуваат, денеска Кризниот штаб одлучи викендот повторно да се затвори се и тоа од сабота во 12 часот, до понеделник до 6 часот наутро.
Во сабота ќе биде отворено се до 12 часот, а до понеделник до 6 часот ќе работат само продавници за храна, лекови и гориво, рече членот на Кризниот штаб д-р Предраг Кон и додаде дека од понеделник наставата во средните училипта ќе се одвива онлајн.
Кризниот штаб повторно ќе се состане во вторник, додаде Кон и рече дека „единствено се потвпираат на имунизацијата“.
Д-р Кон вели дека имунитетот од вакцината е поголем од ној по прележана болест. Според него, неопходно е да се направи ревизија на податоците за корона вирусот и податоците кои постојат.
Денеска, кај нашиот северен сосед регистрирани се 4.071 новозаболени, а починаа 17 пациенти.
Во болница се лекуваат 4.161 пациенти, а 166 се на респиратор.
Тестирани биле 15.774 лица.
Од почетокот на пандемијата во Србија се тестирани 3.018.254 лица, а корона вирусот е потврден кај 478.878луѓе.
Вкупно до Ковид-19 починаа 4.525 лица, а процентот на смртност е 0,94 отсто.
Во Србија вакцинирани се 1.613.682 лица против корона вирус, а 592.903 примија и втора доза.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност