Србија размислува за враќање на задолжителната воена служба и на електронското војување
На денешниот состанок на српскиот воен врв со претсеателот Александар Вучиќ, разговарано е за можноста за враќање на задолжителната воена служба, на електронското војување и купување на нови беспилотни летала, јави дописникот на МИА од Белград.
Претседателот Вучиќ по средбата изјави дека е направено „многу“ на подобрување на борбената готовност и на набавката на „најмодерното оружје и воена опрема“.
-Набавивме од системот Панцир до беспилотни летала, оваа година ќе посветиме посебно внимание на електронското војување. Ги утврдивме нашите недостатоци, ќе купиме уште повеќе радарски системи, уште беспилотни летала, изјави Вучиќ.
Тој кажа дека е покренато прашањето и за враќање на задолжителната воена служба и дека за тоа ќе се води широка дискусија во јавноста.
-Тоа има свои добри и лоши страни. Некои од лошите се тоа што само во објектите и храната тоа ќе чини над осум милијарди евра, сметајте 70 милиони евра (годишно), а кога ќе се обезбедат и приходите за војниците, треба да се издвојат уште 1,2 до 1,8 милијарди евра, кажа Вучиќ,
Како што оцени, „добра страна е што некои гарнизонски места што се празни ќе бидат пополнети и во некои помали општини животот ќе се врати “.
Имаме проблем со оние кои имаат малку пониски плати и можат на друго место да добијат многу повисоки плати. Сега имате, на пример, две фабрики во Лозница – Минт и Алиент. Ние на обичниот војник му даваме 45.000 динари, а просечната плата во тие фабрики е 51.000. Зошто некој би бил во војска кога таму платата е многу поголема, кажа Вучиќ кој најави дека оваа година ќе има „големо зголемување“ на платите на припадниците на српската војска.
Ново на Сител
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште