Loading Video...
Свет
20. јуни 2020 - 16:32

Србија размислува за враќање на полицискиот час

Србија утре излегува на парламентарни избори, во време кога во земјата се повеќе расте бројот на заболени од Ковид 19. Според дел од медиумите, надлежните размислуваат за враќање на полицискиот час во земјата веднаш по одржувањето на изборите.

“Некои селективни мерки и одредени обврски кои би биле спроведени законски – не ги исклучуваме. Ништо официјално не можам да речам”

Во Србија веќе две недели се зголемува бројот на активни случаи на заразени со вирусот.

Луксембург, земја со околу 600 илјади жители, планира да го тестира целото население за коронавирусот, со цел да спречи втор бран на зараза. Тестирањето ќе се организира така  што жителите и вработените се поделени во мали групи, чии членови наизменично ќе се тестираат. Надлежните велат дека на овој начин, кога ќе се појави нова инфекција, ќе знаат точно каде се случила и ќе можат веднаш да го прекинат ланецот.

Пандемијата ја покажа ранливоста на Европа, вели германската канцеларка Ангела Меркел, која денеска најави дека лајтмотивот на германското претседателство со ЕУ од 1 јули ќе претставува заедничко и солидно надминување на предизвиците. Обраќајќи се на Бундестагот, Меркел истакна дека Берлин презема голема одговорност во време кога ЕУ се соочува со најголемиот предизвик – коронавирусот. Посочи дека кризата со која се соочуваме е сосем различна од сите досега и дека светот не бил подготвен за неа

Продолжува уривањето споменици во Соединетите Американски Држави. Демонстрантите во Вашингтон го собориле споменикот на генералот на Конфедерацијата Алберт Пајк, единствениот од ваков вид во американската престолнина. Претходно, беше урната и статуата на Џорџ Вашингтон во Портланд, во пресрет на 19-ти јуни, празник со кој се одбележува ослободувањето на робовите. Претседателот Доналд Трамп го осуди настанот како „срам за Соединетите Држави“ и повика на апсење на сторителите”.