Србија прва по бројот на позитивни туристи во Грција
Од 295 позитивни случаи кај туристите во Грција, 76 отсто, односно 225 се од балканските земји, а Србија е прва со најголем број заразени меѓу „увезените случаи“на Ковид-19, согласно податоците што денеска ги соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, јави дописничката на МИА од Атина.
Хардаљас објасни дека од 1 до 19 јули, односно од отворањето на границите, во Грција влегле 918.032 лица, од кои мнозинството, над 620.000 се туристи кои авионски пристигнале во земјата. Биле направени вкупно 127.900 тестови на туристи и откриени 295 позитивни случаи, од кои 186 се од копнените граници .
Од позитивните случаи кај туристите 53 се активни, 207 се вратиле во нивните земји, а 35 случаи не се повеќе активни и остануваат во Грција.
-Во однос на потеклото на случаите, први пет земји со најмногу случаи беа Србија со 78 случаи, Бугарија со 63, Романија со 61, Албанија со 23 и Соединетите Американски држави со шест. Карактеристично е тоа што 225 од 295, односно 76,27 отсто беа од четирите пријателски соседни балкански земји, објасни заменик-министерот за цивилна заштита на Грција на денешната прес конференција.
За Грција, рече дека од почетокот на епидемијата, регистрирани се 4.007 позитивни случаи, од кои 435 се активни, 1.030 биле отпуштени од болница, 2.347 оздравеле по домашно лекување, а починаа 195 лица.
Паралелно, ги повика граѓаните да бидат внимателни, додека се на одмор да се опуштат, но само во однос на секојдневниот ритам, а не и во однос на мерките за заштита од Ковид-19.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово