Балкан
29. December 2016 - 23:44

Србија потпиша договор за купување на девет борбени хеликоптери „Ербас Н145М“

Српските Министерства за одбрана и внатрешни работи денеска потпишаа договор со компанијата „Ербас“ за купување на девет борбени хеликоптери „Н145М“, јави ТАСС. 

Благодарение на овој договор воената авијација, воздушната одбрана и полицијата ќе добијат нови хеликоптери соодветни да извршуваат спасувачки и воени мисии и да вршат евакуација и набљудувачки летови.

Цената на хеликоптерите не е соопштена.

На потпишувањето на договорот присуствуваа министерот за одбрана Зоран Ѓорѓевиќ, францускиот амбасадор во Белград Кристин Моро и германскиот амбасадор Аксел Дитман.