Балкан
5. November 2015 - 15:39

Србија подготвена да прифати дополнителни 3.000 бегалци, Хрватска 5.000

Србија ја информира ЕУ дека ќе подготви дополнителни 3.000 места за времено сместување на бегалците, освен веќе преземената обврска за обезбедување 3.000 места за сместување.

Хрватска исто така ја информира ЕК и членките на ЕУ, дека ќе обезбеди вкупно 5.000 места за бегалци.

Словенија од своја страна потврди дека ќе даде можност за прифаќање на 2.000 бегалци.

Лидерите на балканските земји и земјите-членки на ЕУ се договорија минатиот месец во Брисел да обезбедат 50.000 места за бегалци од војната, за да бидат избегнати последиците од неповолните метеоролошки услови и доаѓањето на зимата.