Loading Video...
Тенис
12. January 2020 - 15:52

Србија победник на првото издание на АТП Купот

Тениската селекција на Србија е победник на првото издание на и АТП купот. 
 
Во финалето Србите со 2:1 во победи ја добија Шпанија иако со победата на Баутиста Агут над Лајовиќ со 2:0 (7-5 и 6-4) „црвената-фурија“ имаше предност. 
 
Сепак во вториот сингл меч во кој играа големите ривали, Новак Ѓоковиќ во два сета со 6-2 и 7-6 беше подобар од Рафаел Надал. 
 
Во решавачкиот трет меч во двојки, Ѓоковиќ во тандем со Троицке одново беше подобар од Надал кој за партнер го имате Пабло Карено Буста. 
 
Србите го добија мечот во два сета со 6-3 и 6-4 за конечен триумф со 2:1 во победи и триумф на првото издание на ова натпреварување.