Македонија
12. January 2021 - 11:23

Србија од 14 јануари го укинува задолжителниот ПЦР тест за влез во земјата за македонски граѓани

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска имаше телефонски разговор со премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ.

За време на разговорот, со честитките за успешна 2021 година, беа изразени и желби и интерес за уште подлабока соработка меѓу владите и народите на двете земји во новата година.

Премиерката Ана Брнабиќ го информираше премиерот Заев дека од четврток, 14 јануари, Република Србија ќе го укине задолжителниот ПЦР тест за влез во Србија за граѓаните на Македонија, со што повторно ќе се обезбеди реципроцитет и обострана непречена комуникација меѓу граѓаните на двете земји.