Балкан
2. November 2020 - 8:44

Србија: Комуналните инспектори и комуналната милиција ќе пишуваат казни за неносење заштитни маски

Комуналните инспектори и комуналната милиција во Србија ќе бидат овластени да контролираат лични мерки на заштита од пандемијата, како што се носење маски, одржување на растојание во затворено и надвор. Тоа ќе биде можно како дел од новите измени и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, јавија српски медиуми.

Според РТС, предложените измени на законот ќе бидат пред Владата на Србија в четврток, а пред пратениците на 10 ноември.

Засега, прекршочни налози за непочитување на мерките за заштита од Ковид-19 можат да пишуваат само санитарни инспектори, кои се околу 140 во Србија. Висината на казните ќе се движи од неколку илјади динари до половина милион динари.
Во изминатите четири дена поднесени се 74 барања за покренување прекршочни постапки но речиси ниту еден против лице кои не носело заштитна маска или не држело дистанца.