Балкан
3. February 2016 - 19:27

Србија ќе купува руски ракети и воени авиони

Србија е заинтересирана за набавка на руски системи за противвоздушна одбрана од типот „Тор“, „Панцир“ и „Бук“, како и на авиони-ловци МиГ-29, соопшти претставник на руската Федерална служба за воено-техничка соработка. 

- Го разгледуваме прашањето за испорака на системи за противвоздушна одбрама и на ловци МиГ-29 на Србија. Оваа земја е наш стратешки партнер во Европа во многу сфери, вклучувајќи ја и воено-техничката соработка, изјави анонимниот претставник на руската Служба. 

Како што јави Б92, ваквите најави од Москва доаѓаат откако пред две недели Хравтска соопшти дека планира да купи оружје од САД.

Според најавите од Загреб, Хрватска е заинтересирана за набавка на американски оперативно-тактички ракети МГМ-140 АТАЦМС.