Loading Video...
Свет
14. March 2021 - 16:30

Србија ќе ги заостри мерките против коронавирусот, најави Брнабиќ

Србија ќе ги заостри мерките против коронавирусот најави премиерката Ана Брнабиќ. Кризниот штаб до крајот на денот ќе одлучи за рестрикциите.

Земјата  веќе втор викенд е затворена поради растот на бројот на заразени од корона вирусот. Работат само аптеките бензинските и продавниците за храна.

Утре ќе стигне нова испорака на вакцините од Фајзер. Во текот на неделата  пак ќе пристигнат нови залихи од Спутник ве.

Полицијата во Лондон се судри со демонстрантите кои излегоа на протест поради убиството на жена за која е осомничен полицаец. 

Демонстрантите сакаат да го привлечат вниманието за безбедност на жените на британските улици. Телото на мртвата жена беше пронајдено една недела откако таа била пријавена за исчезната. Осомничен за киднапирањето и за убиството е лондонски полицаец, што предизвика шок во Велика Британија.

Градоначалникот на Лондон и повеќето надлежни институции ги осудија  полициските постапки.

Американците се подготвуваат за голема ледена бура. Откажани се 2000 летови од Денвер. Националната метереолошка служба најави дека денеска реонот на главниот град на Колорадо ќе биде зафатен од силно снежно невреме

Властите во оваа сојузна држава ги предупреди граѓаните да не патуваат зашто следи затворање на патиштата.

Според синоптичарите, наместа снежната обвивка ќе достигна и до 60 сентиметри.