Loading Video...
Балкан
5. May 2021 - 12:28

Србија ќе ги награди вакцинираните граѓани со по 3000 динари, соопшти Вучиќ

Србија ќе ги награди со по 3000 динари сите граѓани кои веќе се вакцинирале против Ковид-19 или ќе примат барем една доза до 31 мај. Српскиот претседател Александар Вучиќ истакна дека одлуката е донесена со цел да ги награди луѓето кои покажале одговорност и истовремено да ги поттикне останатите да се вакцинираат. Помош ќе добијат сите над 16 години.

-Бидејќи не можеме да носиме негативни дискриминирачки одлуки против оние кои не сакаат да се вакцинираат, што сметам дека е многу себично и неодговорно, решивме да им дадеме дополнителна помош на оние се вакцинирале, покрај оние 30 евра што сите ќе ги добијат, односно 50 евра за пензионерите сите над 16 години кои ќе се вакцинираат до 31 мај со една или две дози ќе добијат уште 3000 динари од државата, кажа Вучиќ.

Тој појасни дека државата има пари зошто има висока стапка на раст, а вакцинирањето е неопходно за да можат да функционираат стопанството и економијата.