Србија ќе бара воени станови и оружје од другите поранешни југословенски републики
Србија во поранешните југословенски републики оставила над илјада воени станови, но и подвижен воен имот, што е запленет при повлекувањето на ЈНА.
Колкава е вредноста на тој имот, но и на оној кој го бараат поранешните југословенски републики, ќе се знае на 13 септември, на состанокот на Меѓуесорската работна група за спроведување на Анексот А од Договорот за сукцесија, објавија „Новости“.
Тоа е прв состанок на тема Анекс А од кога почна делбата, а домаќин е Белград. Се очекува дека на собирот ќе биде поставена рамката за натамошните преговори, дека ќе се излезе со податоци за тоа што спаѓа под воен имот и кој што бара.
Најголеми барања имаат Србија и Хрватска.
Загреб досега единствен истапи со барања но и натаму не именува свој претставник во Мешовитата работна група.
Според тврдењата на Сава Штрпац од „Веритас“, само во Хрватска, Србите - цивили, воени лица и полиција, оставиле меѓу 40.000 и 50.000 станови, од кои немал дел припаѓал на армијата, а засега само 2.000 барања од програмата за домување се позитивно решени.
Според него, Словенците се посебен проблем, бидејќи ЈНА при повлекувањето од оваа република, во октомври 1991 година, остави дел од оружјето и техниката да ги чуваат локалните власти. Имаше договор, орочен до завршувањето на сукцесијата на државниот имот, но тоа прашање никогаш не беше затворено до крај.
Најмалку проблеми треба да има со Македонија, бидејќи, според договорот, таа земја се откажа од сите барања за имотот на Армијата, нагласува весникот.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација