Србија и Хрватска заеднички ќе ја реконструираат железничката пруга Белград-Загреб
Српскaта министерка за градежништво, транспорт и инфраструктура Зоранa Михајловиќ денеска потпиша меморандум за соработка со хрватскиот министер за поморски прашања, транспорт и инфраструктура Олег Буткович за развој на железничкиот транспорт.
Меморандумот предвидува заедничка реконструкција на железничката пруга Белград - Загреб.
Пругата е долга 412 километри и со реконструкцијата патувањето со воз од едната до другата метропола ќе се намали од сегашните седум и пол часа на околу три часа. Планот предвидува пругата да биде возовите со брзина од 160 километри на час.
Планирано е годинава да се заврши подготовката на проектно-техничката документација, а работата треба да започне во 2019 година.
За реконструкцијата на пругата на српска територија се потребни околу 250 милиони евра, а на хрватска малку повеќе.
Ново на Сител
-
Дезинсекција на скопска територија ќе се врши наредните денови
-
Пет пожари на отворено низ државава изминатото деноноќие
-
Кривична за поранешен директор на затвор – ослободувал осуденици
-
Големи урагани во Флорида, тројца мртви, милиони без стуја | ВИДЕО
-
Такси се појави на сред напревар во Бугарија | ВИДЕО
-
Состојба на патиштата
-
Меѓувладина седница и тет-а-тет средба на Мицкоски и Орбан
-
Предлог-законот за бранители останува заглавен во Собранието, следната недела се очекува седница