Loading Video...
Свет
4. May 2020 - 14:19

Србија и Грција ги укинуваат вонредните мерки

По примерот на западноевропските земји и Балканот почна да ги ублажува мерките воведени поради коронавирусот. Србија во четврток  ќе ја укине вонредната состојба и полицискиот час. Паралелно, претседателот Александар Вучиќ најави и избори за следниот месец.
Исто така Србија ќе ги отвори границите и аеродромите.  Но по укинување на вонредната состојба и понатаму на сила остануваат мерките на претпазливост, како носење на заштитни маски, како и оддржување хигиена. 
Во Србија досега се дијагностицирани 9.464 пациенти со Ковид-19, од кои 1.551 се излекувани, а 193 лица се починати.
И Грците по 42 дена излегуваат од карантин. Во земјата се отвараат и поголем дел од продавниците како книжарници, продавници за спортска опрема, фризерски салони, берберници, центрите за техничка проверка на возила.  
Носењето маска е задолжително во зависнот од местото на движење. Граѓаните ќе мора да се заштитат доколку користат  јавен превоз или такси-возила,  во  лифтовите и болниците, во спротивно ќе платат казна од 150 евра. На сите останати места, на отворен и затворен простор носењето маската не е задолжително. 
Властите најави укинување и на други мерки до крајот на месецов. Од следниот понеделник матурантите се враќаат во училишните клупи. За време на летната сезона Грциј а планира да ги отвори и плажите за туристите од Балканот.
 
Денеска се одбележуваат 40 години од смртта на претседател на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија Јосип Броз Тито. Тој ја предводеше борбата против окупаторот од 1941 до 1945 година, беше долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија и командант на нејзините вооружени сили од крајот на Втората светска војна, па сè до неговата смрт.
На погребот на Тито присуствуваа 700.000 луѓе, меѓу нив врвни политичари од 180 земји од светот. Тој почина во Љубљана од 
 
Американскиот претседател Доналд Трамп е убеден дека вакцина против коронавирусот ќе има до крај на годината, па дури и порано. Но предупреди дека доколку процесот е подолг може да умрат околу 100 000 американци. 
 
Но на оваа изјава на Трамп реагираа американските експерти. Според нив потребно е и повеќе од една година за да се најде вакцина. А германските власти оценуваат дека тој процес може да трае и неколку години. Со над еден милион заразени и околу  69 000 починати лица, САД останува најголемото жариште во светот.