Балкан
11. јуни 2020 - 9:28

Србија гради ограда долж границата со Македонија и Бугарија

Криејќи се од медиумите и од граѓаните, Владата на Србија почна да подигнува ограда за спречување на влез на мигранти. Оградата се поставува со панична брзина од Прешево кон исток, долж границата со Македонија и Бугарија во должина од 33 километри, со цел до раната есен да биде завршена, пишува „Правда“.

Планот бил оградата да биде опремена со рефлектори и со специјални жилети на врвовите, со што физички би бил оневозможен влез на мигранти на територијата на Србија.