Loading Video...
Балкан
22. December 2020 - 16:41

Србија ги доби првите дози на вакцината од Фајзер

Србија е првата земја во регионот која ја има антковид вакцината на Фајзер и Бајонтек. Пртката со првите 4875  дози од  американско – германската вакцина стигна утрово во специјални контејнери. Вакцинацијата ќе почне следната недела, а во текот на денот ќе биде донесена одлука кој прв ќе ја добие бесплатната вакцина.  Во јануари се очекуваат уште 21 000 дози.

Герлек при тоа не одоговори како Србија ги доби вакцините за толку кратко време.

Вакцинацијата во Словенија, Бугарија и Хрватска ќе почне симболично истовремено како и во другите членки на Европската Унија од 27 декември. Прво ќе ја добијат Фајзеорвата вакцина, бидејќи онаа на Модерна се уште не го поминала филтерот на Европската агенција за лекови. Најранливите категории први ќе бидат имунизирани.

Во остатокот од регионот преку Ковакс програма почетокот на вакцинацијата се очекува во првиот квартал од 2021 година. Не е познато која вакцина ќе ја добијат.

Околу 70 проценти од светската полуација треба да се вакцинира од ковид 19 за да се стави крај на пандемијата. Но новата позаразна мутација на вирусот можеби ќе ја зголеми границата предупреди првиот човек на германски Бајонтек кој очекува нивната вакцина да делува и на новата мутација.