Loading Video...
Ракомет
4. January 2019 - 18:19

Србија единствена контрола за македонските ракометари пред Мудијалот

Македонските ракометари денеска и утре ќе ги одиграат пријателски натпревари против репрезентацијата на Србија.
Дуелите против Србите, се единствените контроли кои ќе ги имаат избраниците на селекторот Раул Гонзалез пред нивниот настап на Светското првенство кое од 10 јануари стартува во Германија и Данска. 
 
„Имаме појасна слика за нашата репрезентација за изминатиот период што го одработивме, ставивме акцент и на одбраната и на нападот. Знаете дека имаме подмладен состав, имаме младите играчи кои можат да помогнат во оваа репрезентација. Тоа треба да го покажаме на следните два натпревари против Србија, да видиме што сме тренирале овие денови, а потоа и најглавното во Минхен“, изјави Гоце Георгиевски.
 
Двата меча ќе се играат во  СЦ „Борис Трајковски“. Првиот, вечерва од 20 часот, е отворен за публика, додека утрешниот ќе биде затворен за јавноста.
 
Потсетување, дека Македонија на СП ќе игра во Б групата во која за противници ќе ги има селекциите на: Шпанија, Хрватска, Исланд, Бахреин и на Јапонија, против која на 11 јануари ќе го одигра првиот натпревар на Мундијалот.