Балкан
31. January 2021 - 14:42

Србија е прва во Европа, а трета во светот според бројот на вакцинирани, објави Универзитетот Оксфорд

Најновите податоци објавени од веб-страницата „Our world in data“ во податоците на Универзитетот Оксфорд покажуваат дека Србија е прва во Европа, и трета во светот според бројот на вакцинирани.

 

Почетокот на имунизацијата во Србија предизвика голем интерес кај граѓаните, а резултатите зборуваат сами за себе.

Според овие податоци, само Израел и САД се пред Србија во светот.