Македонија
7. December 2017 - 10:36

Спроведена општа дератизација на подрачјето на општина Кочани

Согласно Програмата за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на општина Кочани за 2017 година  е извршена превентивна дератизација на повеќе места во градот и населените места.

Дератизацијата е извршена на Градската депонија и на канализациските системи во градот Кочани како и во селата Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Тркање, Прибачево и Оризари.

- Општата дератизација се реализираше со стручни екипи од ЈЗУ Центар за јавно здравје - Скопје во координација со Општина Кочани и со технички лица од  КЈП „Водовод“, истакнуваат од општина Кочани.

За вкупната дератизација во општината беа употребени 240 килограми кумарински препарати поставени во околу 2 илјади шахти.