Македонија
15. May 2017 - 14:01

Спречено криумчарење на аеродром, еве што открија цариниците

При личен претрес на македонски државјанин, кој имал намера да отпатува со лет за Лондон, во џеб од неговата кошула биле пронајдени 10.000 американски долари за кои не поседувал валиден документ за потекло.

Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 2.500 долари, противвредност на 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а 7.500 американски долари се привремено задржани.

Против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

102 грама златен накит и 7.500 американски долари, откриени во два одвоени случаи на скопскиот аеродром Александар Велики. Во првиот случај, при контрола на куферот на државјанин на Обединетите Арапски Емирати, кој допатувал со лет од Истанбул, биле пронајдени 13 парчиња златен накит (синџирчиња, прстени, обетки, ѓердан и нараквица) со скапоцени камења.

Златниот накит е привремено задржан, а против патникот е поведена прекршочна постапка.