Спречени два обида за подметнување пожари во Кочани
Пожарникарите од Кочани во изминатото деноноќие спречиле два обида за подметнување пожари на отворен простор и со брза интервенција успеале да го локализираат и изгаснат огнот.
Територијалната противпожарна единица добила две дојави за пожари во близина на излезот од населбата Усова Чешма кон планинското село Пресека. Според информациите од Единицата, постои сериозен сомнеж за намерно предизвикување опасност на делот што ги поврзува Кочани и приградската населба Оризари, на простор каде лесно може да се предизвика нова катастрофа поради сувата вегетација комбинирана со шумски појас.
– Повикувам на совесно и внимателно однесување на секој поединец. Добро е што на пожарите е интервенирано веднаш и успешно, зашто во спротивно би се соочиле со огромни последици. Сите носиме одговорност, затоа мора да бидеме на штрек. Ги повикувам надлежните служби на зголемена будност, навремена и брза интервенција, но и санкционирање на сторителите. Апелирам до граѓаните доколку забележат неодговорно однесување и обид за намерно предизвикување пожар да пријават кај надлежните служби, истакна градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.
Поради актуелната состојба со пожарите на сила е владината одлука за целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, а за што и Општинскиот кризен штаб донесе дополнителни мерки. За непочитување на забраната се одговара согласно соодветната законска регулатива.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски