Македонија
9. September 2016 - 14:38

Спречена нелегална сеча на шума во село Степанци

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес, во координација со Шумска полиција Велес и ЈП Македонски Шуми, вчера спровеле заедничка акција за спречување бесправен превоз на дрва и пустошење шуми во атарот на село Степанци. 

Како што соопшти полицијата, во местото „Црници“, атар на село Степанци, затекнати биле пет лица од Прилеп на возраст од 19-39 години при нелегална сеча на дрва. Тие со пет патнички автомобили марка „Лада Нива“ вршеле бесправен превоз на вкупно пет метри просторни дабови огревни дрва.

Возилата и дрвата се одземени, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.