Свет
15. August 2017 - 20:35

Спречен „терористички заговор“ на ИД во Тунис

Туниските власти денеска соопштија дека спречиле „терористички заговор“ чија цел било да и се овозможи на џихадистичката група Исламска држава (ИД) да освои дел од територијата на Тунис.

- Властите открија терористички заговор за напад врз полициски и воени единици во градот Бен Гуердан на југот на земјата, се наведува во соопштение на Министерството за внатрешни работи на Тунис. 

Ваквото соопштение за спречување на „терористички заговор“ на ИД следи речиси година и половина по координираните напади на џихадистите врз безбедносните објекти во еден град на туниско-либиската граница лани во март, при што загинаа 13 војници и полициајци и седуммина цивили.