Loading Video...
Свет
12. November 2019 - 18:08

Спречен терористички напад во Германија под водство на Исламска Држава

Спречен терористички напад во Германија под водство на Исламска Држава. Креаторот на нападите бил 24-годишен германски државјанин со потекло од Македонија, јавуваат новинските агенции. Тој веќе го набавил материјалот потребен за производство на експлозиви, а се обидел да купи и огнено оружје преку интернет.
Освен него, поради сомнеж дека подготвуваат терористички напад приведени се уште две лица, турски државјани на возраст од 21 и 22 години. Тројцата осомничени биле приведени при претрес на три стана во Офенбах, за време на полициска акција во која учествувале 170 полицајци.