Македонија
21. August 2015 - 12:30

Спречен шверц на ГП Богородица - еве што запленија царинските службеници

Царинските службеници спречија обид за шверц на 400 грама златен и сребрен накит во Македонија преку граничниот премин Богородица.

Како што соопшти Царинската урпава вчера околу 14:30 часот за влез во Република Македонија со патничко моторно возило со грчки регистарски ознаки, на граничниот премин  Богородица се пријавил грчки државјанин. Прашан дали има нешто да пријави за царинска контрола, лицето одговори негативно, но поради сомневање во неговата изјава, пристапено е кон детален преглед. Притоа, на задното седиште во женска торба се пронајдени кутии за накит со 212 грама стар златен накит (26 парчиња: британски монети, привезоци, прстени, ланчиња, нараквици, обетки) и 191 грам сребрен накит (33 парчиња: прстени, обетки, привезоци, нараквици, брошеви) и со тежина од 212 грама.

Вредноста на накитот се проценува на над 260 илјади денари, а износот на избегнатите давачки на 91 илјади денари.

Накитот и возилото се привремено задржани, а против лицето е поведена соодветна постапка.