Спречен нелегален внес во државава на опрема за детектирање на метал, воени шлемови, кубури и други антиквитети
Опрема за пронаоѓање злато и други метали, но и војнички шлемови и стари револвери кубури – антиквитети, се запленети на влез на граничниот премин Табановце од страна на царински службеници при спроведена детална контрола на возило со украински регистарски таблички, управувано од украински државјанин.
Како што информираат од Царинската управа, во возилото во неколку торби и една кутија биле пронајдени три стандардни и еден мал детектор за метал, двоглед, седум војнички шлемови, мини стругалка, два стари револвери - кубури, една аукциска книга, лупа, мини дрон, како и препарирана глава од алигатор.
-Контролата на возилото е извршена поради основано сомневање во исказот на патникот, кој на прашање на царински службеници одговорил дека нема ништо за пријавување. Лицето и неговата сопруга патувале во две посебни возила и според нивните искази планирале подолго да се задржат во нашата држава. Стоката е привремено задржана, со што е спречена можноста за нејзина употреба и вршење нелегални активности на територија на Република Северна Македонија. Против лицето е поднесена пријава за сторен царински прекршок, соопшти Царинската управа.
Ново на Сител
-
Путин со декрет ги зголеми руските вооружени сили за 15 отсто
-
Луксон: Мобилните телефони ќе бидат забранети во училиштата во Нов Зеланд
-
Сообраќајот се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози
-
Обилниот снег откажа околу 130 летови од минхенскиот аеродром
-
Зеленски: Војната со Русија е во нова фаза со почетокот на зимата
-
Пендаровски: Имаме големи климатски амбиции - да ги намалиме за 82% нето емисиите на стакленички гасови до 2030
-
Пријавен вработен во Регионалниот центар за гранични работи Север за злоупотреба на службена положба
-
Битиќи: Човечкиот капитал е клучен сегмент во Националната развојна стратегија