Свет
16. April 2017 - 14:49

Спречен напад врз руската Амбасада во Берлин

 Наводен терористички напад врз Амбасадата на Русија во Берлин бил спречен „во последна секунда“, објави денеска весникот Билд ам зонтаг, не наведувајќи извор на информацијата.

Според веникот, осомничениот жител на Мароко дискутирал на социјални мрежи за планови за напад, а на интернет бил активен под неколку псевдоними.

Мароканецот планирал минатата сабота да влезе меѓу учесници на демонстрации што се одржувале пред руската Амбасада, наведува весникот.

Во минатиот петок германските специјални служби ја известиле федералната полиција за потенцијален терористички напад. Во петокот ноќта тој бил уапсен во камп за бегалци во саксонската општина Борсдорф, близу Лајпциг. Според податоците на весникот, полицијата го проверува неговиот мобилен телефон очекувајќи дека ќе пронајде докази за планови за напад.