Македонија
9. јуни 2019 - 21:35

Спортските активности ги прават општествено видиливи лицата со посебни потреби

И лицата со попречености треба да спортуваат. Спортот како алатка придонесува за нивно подобро социјализирање во општеството, велат од Здружението на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Битола. Токму затоа организираа спортски активности за деца од различна училишна возраст со цел поголемо разбирање на попреченоста.

-Ќе докажеме дека можат да спортуваат, можат да пеат, можат да бидат корисни за општетсвото во секој сегмент од секојдневото живеење. Би испратила и апел до родителите, не поминувајте многу време со вашите лица со попречености, туку дајте им време да се дружат во училишта, клубови, секаде каде што можат да излезат надвор, изјави јјулијана Трајчевска, претседател на Порака Ј

-Сакаме да докажеме дека секој може да земе активно учество во општествениот живот без разлика за каква попреченост станува збор, истакна Симона Јовевска, Лотус Центар Битола. 

Преку вакви активности се зголемува видливоста кон лицата со попреченост.

-Креирањето на амбиент во кој што лицата со попречености ќе ги остваруваат своите основни човекови права е наша обврска како општество, не е никаква привилегија, туку нивно неприкосновено човеково право. Како човек од образованието и координатор на училишниот инклузивен тим во СОУ „Таки Даскало“ сметам дека должни сме да обезбедиме целосни услови за непречено одвивање на инклузивното образование“, рече Марија Младеновска Димитровска, психолог во СОУ „Таки Даскало“. 

Активностите се дел од проектот „Можеме и сакаме да пееме“ кој е дел од кампањата „Попреченоста е само прашање на перцепција“.