Македонија
20. April 2021 - 20:30

Спортската сала Билјанини извори ќе стане регионален вакцинален центар

Спортската сала Билјанини извори ќе стане регионален вакцинален центар. Забрзано се работи на подготовките за нејзино ставање во функција, салата е целосно испразнета од реквизити, ослободен е просторот,  откажани се сите натпреварувања и подготовки на спортистите а се поставуваат параваните за физичко одделување на лицата при вакцинација и приемните пунктови.

28 медицински лица ќе бидат присутни на вакциналните места, а се очекува дневно да се  вакцинираат илјада граѓани.

Во спортската сала во Охрид како регионален центар за вакцинација ќе се спроведува масовна имунизација на населението од општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебар, Ресен и Кичево.