Спорт плус
26. December 2018 - 22:18

„Спортист на годината“ за првпат двојазична, Столе Стоилов демонстративно напуштил

Kапитенот на Вардар, ракометарот Столе Стоилов, демонстративно стана и си замина од манифестацијата „Спортист на годината“, која ја организира Агенцијата за млади и спорт.

Причина за ова, неофицијално, е фактот што манифестацијата е двојазична, односно за првпат се користи и албанскиот јазик.

Тоа го налутило пикерот на црвено-црните, па Стоилов изреволтиран си заминал од салата.