Фудбал
2. August 2018 - 20:01

„Спорт“: Видал наместо во Интер ќе продолжи во Барселона

Чилеанскиот фудбалер Артуро Видал направи неочекуван трансфер и наместо во Интер, одлучи кариерата да ја продолжи во Барселона.

Според каталонскиoт весник „Спорт“, Видал ги договорил сите услови за соработка со шпанскиот тим.

Наводно тој треба само да ги заврши лекарските прегледи и официјално да стави потпис на договорот. Барселона за Видал ќе плати 30 милиони евра.

Искусниот чилеански фудбалер освен за Баерн Минхен, претходно настапуваше за Јувентус и Бајер Леверкузен.