Пиоли: Разочарани сме од поразот од Интер, но подготвени сме за натпреварот со Њукасл
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли е уверен дека неговите избраници ќе се издигнат по тешкиот пораз (1:5) во саботата од Интер и дека подготвени ќе влезат на натпреварот со Њукасл на отворањето на Лигата на шампионите.
- Концентрирано се подготвуваме за овој предизвик. Бевме многу разочарани од поразот од Интер, но за среќа ја имаме Лигата на шампионите. За овој предизвик се подготвуваме со фокус и внимание бидејќи знаеме колку е силна оваа група. Ќе биде убаво да се види Тонали повторно. Ова ќе биде интересно за сите. Пораснавме и победувавме заедно. Му посакуваме се најдобро. Њукасл ме напаѓа како класичен англиски тим. Физички силен, игра интензивно, врши притисок врз противникот. Има високи играчи кои се особено опасни при нафрлените топки, изјави Пиоли.
Екипите вечер од 18:45 часот ќе играат на „Сан Сиро“ во Милано во рамките на 1. коло Ф-група на Лигата на шампионите.
Во оваа група се натпреваруваат и екипите на ПСЖ и Борусија Дортмунд.
Ново на Сител
-
Хаос на „Табановце“: Огромна колона возила за влез во Македонија | ВИДЕО
-
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Министерството за правда
-
Пукање на скопска обиколница
-
Обид за силување на жена во Куманово
-
Битолчанка во пратка со храна му испратила хероин на затвореник
-
СДСМ: Мицкоски е против ЕУ а актуелното ДПМНЕ е антизападна партија, тоа е факт
-
Мицкоски: Сонот на бугарската државна политика е големо бугарска држава на грбот на Македонија
-
Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце