-->
-->
Ѓорческа во три сета обезбеди четвртфинале на фјучерсот во Србија
-->
Победа од 2-1 во сетови (3-6, 6-2, 6-3) забележа денеска најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа во дуелот од третото коло на фјучерсот во Куршумлијска бања против домашната тенисерка Миа Ристиќ од Србија.
За триумфот над 17-годишната српска тенисерка на Ѓорческа ѝ беа потребни еден час и 46 минути.
Во утрешното четвртфинале макеоднската тенисерка ќе игра против Французинката Лоа Буасон, која денеска ја победи Ника Радишич од Словенија со 2-0 во сетови (6-4, 6-2).
Буасон (20) е рангирана на 427. место на ВТА листата, а на турнирот во Куршумлијска бања играше и квалификации.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Палевски преку Србија и Бугарија заминал за Турција, уапсен е во Баликесир
-
Спасовски: Вања не починала од задушување, туку била застрелана
-
Спасовски: Изготвена е кривична пријава против петте лица, на повеќе од 100 страници
-
Спасовски: Љупчо Палевски – Палчо уапсен во Турција
-
Во Турција уапсен Љупчо Палевски Палчо
-
Осомничените за убиството на Вања Ѓорчевска спроведени во Кривичен, обвинителство бара продолжување на притворот
-
При пукањето во центарот на градот, повреден 49-годишен кумановец
-
Николоски: Мицкоски ќе го предводи Републичкиот изборен штаб за следните избори