Македонија
15. July 2020 - 12:28

Споредба и анализа на излезноста од овие и претходните парламентарни избори до 11 часот

Имаме малку помала излезност од изборите во 2016-та, но да се има предвид дека тие беа со рекордна излезност од 67%. 

На ниво на цела држава до 11 часот излегле 14,5 % од граѓаните, а пак во 2016 до 10 часот излегле 9,52 % од граѓаните.

Во првата ИЕ излезноста до 11 часот е 15,43 а пак во 2016-тата тој процент изнесувал 11,05 %.

Во втората ИЕ излезноста до 11 часот е 11,01 % додека пак минатите избори до 10 часот излезнота била 9,73%.

Во Изборна Единица 3 излезност изнесува 14,57 %, а минатите избори до 10 таа изнесувала 11,23 %.

Во 4-тата ИЕ излезноста е 15,06 %, а во 10 часот во 2016-та изнесувала 11,38 % до 10 часот.

Во 5-тата ИЕ 12,69 % од граѓаните го излегле да гласаат во споредба со 9,05 % до 10 часот во 2016-та во истата Изборна Единица.

Во 6-тата изборна единица излезноста и на овие и на претходните избори беше мала односно сега изнесува 7,07 % до 11 часот, а на минатите избори 5,11 % до 10 часот.