Македонија
29. April 2017 - 19:05

Според Румен Радев, ситуацијата во Македонија е алармантна

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска разговарал со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини за ситуацијата во Македонија.

Тој ги опиша разговорите како детални, јави БТА.

- Разговаравме многу подробно за ситуацијата во Македонија. Таа е алармантна, посочи Радев.

- Имам гаранции дека прашањето за Македонија ќе биде поставено многу сериозно и очекувам да биде поддржана нашата визија дека ЕУ треба да помогне во обновата на дијалогот меѓу партиите и меѓу институциите. Ова е најважно за зачувување на безбедноста во регионот, изјави претседателот на Бугарија, кој учествува на вонредниот Европски совет во Брисел.