Според Путин убиството на рускиот амбасадор е провокација со цел поткопување на билатералните односи и мировниот процес во Сирија
Рускиот претседател Владимир Путин го оквалификува убиството на амбасадорот на земјата во Турција Андреј Карлов како провокација со цел поткопување на односите меѓу Москва и Анкара и мировниот процес во Сирија.
- Злосторството, што беше извршено, несомнено е провокација, наменета да спречи нормализирање на руско-турските односи и на мировниот процес во Сирија, за кој активно ќе придонесат Русија, Турција и Ира", изјави синоќа Путин по средбата со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и претставници на разузнавачките служби.
- Треба да дознаеме кој е насочил раката на убиецот, истакна тој.
Рускиот претседател изјави дека неговата земја ќе испрати истражители во Турција, за што добил дозвола од турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган во синоќешниот телефонски разговор.
- Одговорот на ова убиство може да биде само еден: зајакнување на борбата против тероризмот, најави Путин.
Лавров рече дека целта на нападот е да ја поткопа нормализацијата на руско-турските односи, за да не може двете страни да водат поефикасна борба против тероризмот во Сирија, пренесе ТАСС.
Убиството беше извршено во момент на приближување меѓу Русија и Турција и на евакуација на сириските бунтовници од северниот град Алепо.
За денеска во Москва е закажана средба за Сирија со учество на министрите за надворешни работи и за одбрана на Русија, Турција и Иран.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација