Свет
23. јуни 2016 - 19:08

Според ПССЕ културата е адут за зацврстување на демократијата

Со оглед на тоа дека учество во културниот живот е основно човеково право и придонесува за демократскиот процес, ПССЕ ги повика земјите-членки да го олеснат пристапот на жените, младите, малцинствата, мигранти, бегалци и баратели на азил до културата.

Државите мора да обезбедат одржливо финансирање на културните политики и културата треба да се интегрира во други сектори, вклучувајќи го вработувањето, социјалната и здравствена заштита и услуги, затворите и програмите за рехабилитација затворениците, истакнаа пратениците од 47 земји членки на Советот на Европа, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Со усвојување на резолуцијата за извештајот на Весна Марјановиќ (Србија, СП), ПССЕ охрабрува партнерства помеѓу културните индустрии и образовниот систем, како и инвестиции во културната инфраструктура на градовите, особено во населбите во неповолна положба. Усвоениот текст, исто така, повикува на зајакнување на улогата на локалните власти во спроведувањето на културните политики, да да колку што е можно повеќе да се приближат граѓаните во процесот на донесување одлуки во поглед на културата.

На крајот, ПССЕ предложи на еден од следните изданија на Светскиот форум за демократија да биде посветен на темата "Култура и демократија"